Шангај евакуира цел кварт по откривањето на три лица со коронавирус

18

Станбена област во центарот на кинескиот град Шангај е евакуирана денеска по утврдувањето на најмалку три случаи на ковид-19, први во кинеската метропола од почетокот на ноември.

Двајца од идентификуваните носители на вирусот работат во различни болници и се соседи.
Автобусите се дезинфицираат, возачите со заштитни комбинезони превезуваат луѓе во центри за карантин. Неколку улици се затворени.

Шангај, со 25 милиони жители, не евидентирал локална трансмисија на коронавирус од 9 ноември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.