Шариќ го соблекуваат гол два пати дневно, неможе да си ги задоволи сексуалните потреби

Најпознатиот српски затвореник Дарко Шариќ, се побунил што во притворското одделение во Специјалниот суд го држат под најстроги безбедносни мерки и под будното око на безбедносните камери, преку кои 24 часа се контролира буквално секој негов чекор.

Шариќ се помирил со законската забрана за интимни средби во „собата на љубовта“, но му прекипело што нема ниту една секунда приватност, пишува српскиот весник „Курир“, повикувајќи се на сопствени извори.

„Шариќ, е под најостри мерки, кои меѓу другото подразбираат секојпат кога излегува на прошетка го соблекуваат гол. И тоа така е два до три пати во денот, колку што има право на рошетка. Но, тој поради тоа изгледа малку се срами“, открива изворот на „Курир“.

Сепак, по се’ изгледа тоа не му е единствената „мака“ на Шариќ.

„Се пожали и што нема никакво право на приватност, бидејќи неговата ќелија е под постојан надзор, така што неможе да се самозадоволи бидејќи знае дека некој постојано го надгледува“, пишува весникот.

Дарко Шариќ беше уапсен на 18 март, годинава, во заедничка акција на српската и на црногорската полиција. Српските власти во 2009 година распишаа потерница по него. Само неколку месеци подоцна беше издадена и меѓународна потерница по Шариќ, бидејќи во 2009 година, во рамки на полициската операција „Балкански воин“, која беше изведена заеднички меѓу американската агенција за борба против дрога ДЕА, српската безбедносно-информативна агенција БИА и полицијата на Уругвај, беа запленети 2,5 тони кокаин. Дрогата беше најдена скриена во луксузната јахта „Мауи“ во пристаништето Сантиаго Васкуез, на околу 25 киолометри од уругвајската престолнина Монтевидео.