Шариќ пристигна во Србија

Нарко босот Дарко Шариќ, кој утрово беше уапсен во заедничка акција со која што раководеа министрите за правда на Србија и Црна Гора, утрово околу 8,50 часот пристигнал во Белград.

Како што дознава „Б92“, Шари се криел во земјите од Латинска Америка преминувајќи од една во друга земја, каде што е и пронајден. Откако бил фатен тој е префрлен во Црна Гора каде што официјално е уапсен.