11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Шарл Мишел е во карантин поради контакт со заразен од коронавирусот

Претседателот на Европскиот свет Шарл Мишел се наоѓа во карантин заради близок контакт со лице заразено со коронавирус.

Претходно од кабинетот на претседателот на Европксиот совет е соопштено дека Мишел бил во близок контакт со службеник од обезбедувањето кој е позитивен на вирусот Ковид-19.

Заради карантинот, Мишел морал да го откаже самитот на ЕУ лидери планиран за 24 и 25 септември во Брисел со кој тој претседава.

Дипломатски извори од брисел наведуваат дека Шарл Мишел бил во близок контакт со службеник од обезбедувањето така што се возеле во ист автомобил.

Портпаролот на Мишел вели дека претседателот на Европскиот совер последен пат е тестиран на Ковид-19 во понеделник кога резултатите биле негативи, а дека сега чека втор тест.

Самитот на ЕУ лидери, моментално е одложен за 1 и 2 отомври.

Од кабинетот на Шарл Мишел не сакале да даваат изјави околу можниот ризик на кој биле изложени премиерот на Грција Мицотакис и претседателот на Кипар Анастасиадес со кои Мишел се сретнал во текот на претходните денови.