Шарл Мишел: Можен е договор за пакетот за опоравување од пандемијата

По денешната оптимистичка изјава на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, предвидува дека ЕУ оди кон нов предлог за голем пакет за обновување на економиите во Унијата по кризата со коронавирусот, со надеж дека ќе се деблокира четиридневниот ќорсокак на самитот во Брисел.

-Последните чекори се секогаш најтешки, но јас сум убеден, рече Мишел пред одржувањето на пленарната сесија на маратонскиот самит.

„Дури и да е тешко, важно е да продолжиме да работиме. Мислам дека е можен договор”, додаде тој.

Претходно Фон дер Лајен при пристигнувањето во Европскиот совет даде изјава дека сите лидери на ЕУ покажуваат волја за решение:

-Имам впечаток дека ЕУ лидерите навистина сакаат договор, покажуваат јасна волја да изнајдат решение, и потребно ни е решение, потребно им е решение на граѓаните, потребно и е решение на ЕУ, потребен е договор за надминување на оваа криза, сѐ уште не сме таму, но се движиме во добра насока, изјави Фон дер Лајен на пристигнување во Европскиот Совет попладнево.

Лидерите на 27-те земји членки веќе четврт ден се наоѓаат во Брисел каде се обидуваат да постигнат компромис за Фондот за закрепнување, со кој треба да им се помогне на земјите членки да ја надминат економската криза во која ги доведе коронавирусот.