Шчербак: Владата на Груевски е избрана на избори и меѓународна заедница мора да го почитува тоа

Русија е загрижена поради обидите за дестабилизација на Македонија, порача рускиот амбасадор во Скопје Олег Шчербак.

Според него, тоа што во Македонија и во другите земји се обидуваат да се реализираат различни сценарија на таканаречените портокалови револуции е јасно.

„Ваквите сценарија е многу тешко да се релизираат само од внатре. Обично се реализираат со помош од надвор. Длабоко сум убеден дека македонскиот народ, кој има толку стара историја и кој во својата повеќевековна историја преживеа толку страдања, нема да подлегне на ваква сценарија“, изјави амбасадорот Шчербак.

Според него, владата на Никола Груевски е избрана на избори и целата меѓународна заедница мора да го почитува тој факт.

„Македонија не се наоѓа, на, како што рече Џон Кери, линија на огнот меѓу истокот и западот или на линија на огнот меѓу Русија и САД. Ние потполно ја демантираме ваквата конфронтациона логика, истакна  амбасадорот Шчербак.