Шеќеринска и Филипче биле редовни гости кај Боки 13 дома?

Првоосомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, Боки 13, откако на минатото рочиште во вторникот истакна дека ќе пропее кој всушност е вмешан во случајот, денеска ја шокираше јавноста со своето тврдење дека всушност министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за здравство Венко Филипче се двајцата владини функционери кои биле редовни гости кај Боки 13 дома.

Според ова би се претпоставило дека и Шеќеринска е вмешана во Рекет, но според исказот на сведокот Орце Камчев, министерката не била таква. Камчев се обиде да ја оправда Шеќеринска и во судот рече : „таа не е таква”.

Се отвора прашањето, зошто ако постојано го посетувала домот на Боки 13 и имала состаноци со Катица Јанева, воедно имала и информација дека го рекетираат Орце Камчев и тоа сознание не го дала до јавното обвинителство и не го пријавила делото.

Интересна е и информацијата дека Министерот за здравство Венко Филипче имал средба со Орце Камчев и тоа во домот на првоосомничениот за случајот, Боки 13.

Како што наведе во судницата Боки 13, министерот Филипче во март годинава на Камчев му нудел бизниси кои Камчев ги одбил.

Камчев немал намера да влегува во сомнителни активности предожени од Боки 13 и од Филипче.

Сепак, може да се заклучи дека всушност Боки 13 и Венко Филипче блиско соработувале во кримогени активности.

Според она што денеска можеше да се слушне во судот, Боки 13 има намера да ги открие сите инволвирани во овој случај. Тој уште минатото рочиште најави дека има други учесници кои се дел од власта или дел од СЈО со кои соработувал.