ОВР Неготино поднесе кривична пријава против 67-годишната М.А. од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Жената ланскиот 19-ти декември додека престојувала во домот на оштетеното лице од Неготино, од неговиот паричник ја одзела платежната картичка по што од банкомат во неколку наврати извадила вкупно 60.000 денари.