Шеесетгодишна жена затекната при консумирање кокаин во Кичево

Шеесет иедногодишна жена од Швајцарија била затекната минатата седмица во Кичево при консумирање наркотици, покажало подоцнежното вештачење на запленетите предмети, соопшти во вторникот Министерството за внатрешни работи.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „овозможување употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 43-годишниот Е.Д. од Кичево.

Случајот е евиденитиран на 18-ти јануари, при претрес извршен во неговиот дом во Кичево, полициските службеници ја затекнале 61-гидошната С.Ш. од Швајцарија при користење дрога,по што пронајдени се и одземени повеќе предмети со остатоци од кокаин.