Шефицата на кабинетот на Вељаноски со СМС го информирала за прес-конференцијата на Заев во Собранието

За настаните од „27 април” денеска сведочеше Сања Угриновска Спасеновска. Таа беше шеф на кабинет на Трајко Вељаноски додека беше на чело на Собранието.

Таа рече дека била запознаета со сите негови активности и потврди дека имало барање од партиите седницата на 27 април да продолжи следниот ден. Таквото барање му било доставено од страна на собраниските служби при крајот на седницата.

Угриновска потвди дека тој ден имала вообичаена комуникација со Вељаноски и оти му испратила и СМС порака за прес конференцијата што ја одржа лидерот на СДСМ Зоран Заев во прес центарот на Собранието околу 15 часот за време на паузата на пленарната седница и за она што тој тој го кажал на таа конфернција.

‘Тој ден му испратив порака за одржаната прес конференција од страна на Зоран Заев-објасни Спасеновска.