Шефицата на Мијалков од УБК стана и шефица на Зарко Милошевски во АНБ

Нов шеф на кабинетот на новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е Даниела Божиновска која беше и шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Околу изборот на Зарко Милошевски се крена голема прашина бидејќи тој е потписник и на белешката со која се доделува пасош на контраверзниот украинец Онишченко.

Што се однесува до новиот шеф на кабинет на Зарко Милошевски, Даниела Божиновска, таа нема НАТО безбедносен сертификат туку има само национален. Неформално за причина се наведува дека пред 1 година нејзин близок роднина, кој работел во секторот за безбедност во ТАВ Аеродром Петровец, бил фатен во недозволени постапки и наводно бил избркан оттаму.

Извор: Хроника.мк