Шефот на британската дипломатија Доминик Раб од денеска е во самоизолација

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб, од денеска е во самоизолација откако бил во контакт со личност која е позитивна на коронавирус, пренесе Индипендент.

Како што весникот наведува, Раб не е позитивен и засега не е јасно дали ќе биде тестиран, но сигурно ќе биде во самоизолација 14 дена.

Според неименуван извор, Раб денеска бил информиран дека лицето со кое неодамна контактирал е позитивно на коронавирусот.

Изворот додал дека министерот ќе продолжи да работи онлајн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.