Шефот на британските конзервативци сменет од министерската позиција поради даночен скандал

Британскиот премиер Риши Сунак го разреши од должноста министерот без ресор и челник на владејачката Конзервативна партија Надим Захави, откако независната истрага за неговите даночни работи открила сериозно кршење на министерскиот кодекс.

„Кога минатата година станав премиер, ветив дека владата којашто ќе ја водам ќе биде чесна, професионална и одговорна на сите нивоа. Затоа, откако последните денови се јавија нови информации за вашите лични финансиски работи и декларации, побарав од сер Лори Магнус, независниот советник за интересите на министрите, темелно да го истражи овој случај“, се наведува во писмото на Сунак до Захави објавено во неделата.

Независниот советник сер Магнус открил дека Захави ја мамел јавноста кога изјавил дека медиумските написи од ланскиот јули за неговите даночни активности се „очигледно оцрнувачки“. Во извештајот на Магнус на четири страници детално се наведуваат поединости од даночниот случај на Захави, се вели дека тој покажал „недоволно почитување кон општите начела на министерскиот кодекс“, меѓу кои е се и принципите да „биде чесен, отворен и примерен водач со своето однесување“.

„Однесувањето на Захави како министер паднало под високите стандарди коишто, како премиер, со право го очекувате од оние кои служат во вашата влада“, напишал сер Магнус.

„Се согласивте и целосно да соработување со истрагата. По заклучокот на истрагата на Независниот совет, чиишто резултати би беа соопштени на двајцата, јасно е дека ова е сериозно прекршување на министерскиот кодекс (на однесување). Конечно, ве информирав за мојата одлука да ве сменам од должноста во владата на Неговото височество“, му напишал Сунка на Захави.

Ова е веќе второ повлекување од владата на Сунак, кој ја презема функцијата на 25-ти октомври 2022 година. Во ноември министерот без ресор Гевин Вилијамсон поднесе оставка поради обвинувања за несоодветни односи со другите членови на Конзервативната партија.

Според медиумските написи Захави неодамна морал да плати казна од околу милиони фунти за претходно неплатени даноци за продажба на уделот во компанијата за истражувања YouGov, чиј соосновач е самиот тој. Захави на 21-ви јануари изјави дека направил ненамерна грешка и ги решил сите несогласувања со даночната служба пред да добие функција во сегашниот состав на владата.

Истрагата на Магнус, исто така, заклучила дека Сунак и неговата претходничка на премиерската позиција Лиз Трас не биле информирани за даночната истрага за функционерот. Во владата на Трас во периодот од 6-ти септември до 25-ти октомври минатата година, Захави беше канцелар за војводството Ланкестер, министер со посебни овластувања.

Магнус додава во извештајот дека информациите за даночното порамнување на Захави не биле доставени, вклучително и до членовите на секретаријатот на министерскиот кабинет.

„Без да ги има овие информации, владиниот секретаријат не можел да ги информира премиерите кои го назначиле“, заклучува советникот сер Магнус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.