Шефот на Deutsche Bank против пребрзото воведување нови санкции за Русија

Челникот на германската „Deutsche Bank“, Кристијан Севинг, оценува дека не би требало пребрзо да се воведуваат дополнителни санкции против Русија поради негативните последици за германското стопанство.

„Прво, би требало да пуштиме најавените санкции да стапат на сила“, изјавил Севинг за Welt am Sonntag.

Севинг наведува дека мора постојано да се преиспитува дали постои всушност и потреба за поостри финансиски и економски санции, додавајќи дека германската влада мора да ги препознае мерките коишто „имаат негативен ефект врз нас“, пренесува агенцијата DPA.

„Меѓутоа, ако германската влада тоа го смета за потребно, ние ќе ја поддржиме“, додал Севинг.

Минатата седмица „Deutsche Bank“ објави дека ќе го намали своето работење во Русија поради нејзината офанзива во Украина, следејќи ги новите санкции кои ги воведоа ЕУ и САД.

„Со сознанието коешто го имаме денес, сигурно минатите години уште побрзо би се повлекле“, додал Севинг.