Шефот на француското разузнавање си поднесе оставка поради лоша проценка за Украина

Шефот на француската воена разузнавачка служба, генерал Ерик Видо поднел оставка меѓу останатото и поради лоша проценка пред руската инвазија во Украина, истакнал добро информиран извор за Си-Ен-Ен.

Додал дека Украина „не е единствената причина“ за заминувањето на Видо, но дека зад одлуката стои „интерна реорганизација на директорот на воената разузнавачка агенција“.

На прашањето што не било во ред со проценката на Видо за ситуацијата околу Украина, изворот упатува на изјавата на началникот на генералштабот Тјер Бурхар за француски „Монд“ ја почетокот на март, кој признал дека имало недостаток на проценка на ситуацијата на француските разузнавачи на теренот.

-Американците истакнаа дека Русите ќе извршат инвазија и беа во право, истакнал тогаш Бухар.