Шефот на иранската дипломатија ненадејно во Бијариц каде што се одржува самитот на Г7

Иранскиот министер за надворешни работи Махмуд Џавад Зариф ненадејно во неделата слета во француското одморалиште Бијариц во кое се одржува самитот на седумте индустриски најаразвиени земји на светот, на кој веќе се случи несогласувањето меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и европските сојузници по многу прашања, вклучително и Иран.

Според првичните агенциски извештаи, шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф на маргините одсамитот Г7 се сретнал со фрацнускиот претседател Емануел Макрон и со неговиот француски колега, Жан-Ив Ледријан, како и со францускиот министер за Бруно Ле Мер. Било разговарано за начините за намалување на тензиите меѓу Техеран и Вашингтон, рекол за AFP неименуван француски функционер.

Макрон кој ја презема иницијативата за намалување на тензиите поради стравувањата од пропаѓањето на нуклеарниот договор и зголемувањето на тензиите и ескалации на судирите на Блискиот исток, во петокот се сретна со Зариф. Целта на состанокот била да се дискутира за плановите за решавање на кризата, вклучително и намалување на санкциите на САД или создавањето на механизмот за економска компензација за Иран по враќањето на американските санкции.

Рекол и дека во моментов нема планови за средба на Зариф со членови на делегацијата која го придружува американскиот претседател Доналд Трамп, во југозападниот француски град Бијариц, каде што се одржува состаникот на „Големата седумка“.

„Нема средба со Американците во Бијариц“, порача на Twitter портпаролката на иранската мисија при Обединетите нации, Алиреза Мирјусефи.

Трамп, запрашан за доаѓањето на Зариф во Бјариц, кој поради самитот на Г7 е затврен од саботата до понеделникот, рекол дека „нема коментар“.

Фунцкионер на Белата куќа, пак, рекол дека француската покана за Зариф на маргините на самитот претставува „изненадување“, како и дека американските функционери не планирале со него да се сретнат.

Агенцијата Reuters, повикувајќи се на очевидци, пренесе дека Зариф го напуштил Бијариц по три и пол часа разговори со француската делегација. Шефот на иранската дипломатија разговарал 30 минути насамо со францускиот претседател Макрон, рекол неименуван француски функционер.

Европските челници настојуваа во Франција да ги ублажат се поголемите конфронтрации меѓу САД и Иран, откако ланскиот мај Вашингтон се повлече од нукеларниот договор кој во 2015 година Техеран гои потпиша со шесте светски сили, и повтрно воведе санкции за иранската економија.

Пратставник на Елисејскиот дворец соопштил за AFP дека Франција ги оценува како позитивни резултатите од разговорите во Бијариц со иранскиот министер Зариф.

„Разговорите со Зариф беа позитивни и ќе продолжат“, се истакнува во соопштението на кабинетот на Макрон.

Портпарол на Елисејскиот дворец рекол дека Зариф и иранската делгација допатувале во Бијариц по покана „која била усогласена со САД“. Претходно во медиумите беше објавено дека француското водство еднострано ја поканило иранската делегација, но беше издадено соопштение дека сите преговори за нуклеарната програма на Иран се спроведуваат „транспарентно со француските европски и американски партнери“.

Германската канцеларка Ангела Меркел рекла дека разговорите меѓу иранскиот и францускиот министер за надворешни работи е настан на маргините од самитот на Г7, и дека треба да се искористи секоја можноста за решавање на тензиите меѓу САД и Иран.

„Мораме да најдеме начин за решавање на проблемот, а доколку не успееме, се плашам дека Иран ќе продолжи со кршење на обврските од нуклеарниот договор и во септември“, изјави Меркел за новинарите. Рече и дека за пристигнувањето на иранскиот министер Зариф во Бијариц на разговори биле известена кусо пред пристигнувањето.

Малку подоцна по веста за доаѓањето на Зариф во Бијариц, агенцијата Reuters објави информации на два ирански извора дека Иран сака да извезува најмалку 700.000 барели нафта на дневно нив до најмалку1,5 милиони барели, доколку Западот сака да разговара со Техеран за спасувањето на нуклеарниот договор.

„Во знак на добра волја и чекор нанапред кон отворањето на преговорите, договоривме на предлогот на Франција. Сакаме извоз на нафта од 700.000 барели дневно платени со пари, а тоа е само почетокот. Извозот би требало да дсотигне 1,5 барели на дневно ниво“, рекочл висок ирански функционер кој барал да остане анонимен.

Другиот функционер рекол дека „за иранската програма за балистички проектили не може и нема да се преговара. Тоа го нагласивме многу јасно и отворено“.

Иранските функционери не го опишале францускиот предлог во поединости, а франциските функционер „не биле во можност“ да коментираат.

Иранскиот дипломат рекол дека Техеран, исто така, ги отфрла сите разговори за нивото „право на збогатување на ураниум, своето домашно нуклеарно гориво, а за возврат целосно ќе се посвети на исполнување на обврските од нуклеарниот договор од 2015-та“.

Извори од нафтената индустрија рекле за Reuters дека иранскиот извоз на нафта во јули паднач на 100.000 барели дневно, поради санкциите на САД.