Шефот на иранската дипломатија смета дека Трамп е фаворит на американските избори

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф оцени во саботата дека актуелниот американски претедател Доналд Трамп, и покрај падот на популарноста последниот месец, има големи изгледи повторно да победи на изборите во ноември благодарејќи на цврстата гласачка база.

„Најголемата грешка на хуманистичките науки е да се предвидува, особено во променливи и сложени услови. Но дозволете ми да се осмелам да предвидам дека изгледите на Трамп за повторен избор се сѐ уште над 50 отсто“, изјави Зариф во разговорот со иранскиот новинар Фарид Модареси.

„Секако, неговите шанси сериозно се намалија во однос на периодот пред четири или пет месеци. Меѓутоа, г-дин Трамп има база од 30 до 35 отсто од гласачите којашто остана непроменета и, секогаш до кога таа останува, постојат шанси за негов повторен избор“, изјави Зариф во разговорот воден преку платформата Instagram, прв од ваков вид воден со некој висок функционер на Исламсата Република.

Односите меѓу САД и Иран дополнително се влошија откако Вашингтон минатата 2019 година се повлекоа од меѓународнорниот договор за иранската нуклеарна програма од 2015 година и повторно воведе санкции насочени против иранската економија. Двете држави дојдоа и до работ на отворена војна кога американските сили во Багдад го убија во атентат влијателниот главен камандант на иранската Револуционерна гарда, генералот Касам Селами, кого го сметаа за главен креатор на сите ирански операции на Блискиот исток. Техеран возврати со серијата ракетирања на воените бази во соседен Ирак во кој се стационирани американските сили, во кои немаше жртви само значителни штети.

Трамп на почетокот од јуни изјави дека иранските челници грашат доколку очекуваат негов пораз на изборите на 3-ти ноември. Според последните анкети Трамп заостанува зад демократскиот кандидат Џо Бајден.

„Не чекајте до после изборите за да постигнете голем договор. Јас ќе победам. Подобра работа ќе склучите сега!“, напиша Трамп во твит обраќајќи им се на иранските челници.

Иранското министерство за надворешни работи тогаш одговори дека Техеран нема да ги темели своите политики на внатрешните прашања на САД, како што се претседателските избори.

Зариф во споменатиот разговор од саботата оценува дека и самиот Трамп веројатно заклучил дека неговата политика на „максимален притисок“ врз Иран не успеала.

„Не верувам дека Трамп сѐ уште верува во приказната дека Исламската Република ќе пропадне. Но продолжува да ги повторува своите грешки. Се чини дека тие (американските функционери) знаат дека направиле грешки, но не знаат како да ги исправат“, рече Зариф.