Шефот на кабинетот на премиерот на Малта пуштен на слобода во истрагата за убиството на новинарката

Малтешката полиција соопшти во четвртокот ноќта дека го пуштила на слобода Кит Шембри, поранешен шеф на кабинетот на премиерот Џозеф Мускат, кој беше претходно уапсен поради испитување во врска со убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција пред две години.

Кит Шембри беше уапсен во вторникот откако поднесе оставка на должноста шеф на кабинетот на премиерот Џозеф Мускат, откако личност која е опфатена со истрагата, познатиот малтешки бизнисмен Јорген Фенех го посочил како вмешан во убиството на новинарката. Фенех, според полициски и правосудни извори запознаети со истрагата, барал имунитет во замена за сведочење кое би го поврзало Шембри со сличајот и би ја открило широката корупциска шема на Малта во којашто се вмешани и политичари на високи позиции.

„Полицијата во оваа фаза не гледа причини за задржување на г-дин Шембри во притвор“, се наведува во соопштението.

Неговото пуштање на слобода се одвивало истовремено додека Фенех, кој сѐ уште е во притвор и под силна полициска придружбам, бил одведен на судот да го поднесе уставното барање претседателот да го помилива.

Неговите адвокати му предале писмо на малтешкиот претседател Џорџ Вела и официјално објавувајќи дека Фенех може да даде информации во врска со Шембри, поранешниот министер за туризам Конрад Мизи, минситерот за економија Крис Кардона и други лица „блиски на премиерот“. Адвокатите истакнале дека претседателското помилување се дава по препорака на владата, и дека владата ова свое овластување го делегирала на премиерот.

„Бидејќи во овој случај станува збор за лица многу блиски на премиерот, не би требало премиерот или член на неговата влада да дава таква препорака. Јорген Фенех има право неговото барање да биде разгледано без интервенција на лица коишто можеби имаат интерес помиилувањето да не биде одобрено“, напишале адвокатите на претприемачот.

Адвокатите, исто така, повикуваат и на отстранувње на главниот иследник Кит Арнод, тврдејќи дека е близок на Кит Шембри кој има интерес да го спречи Фенех да го вмеша во случајот. Судот ќе го разгледа ова нивно барање во петокот.

Малтешката влада во четвртокот вечерта одржуваше седница, За тоа не беше дадено ниедно официјално појаснување, но тамошните медиуми наведуваат дека министрите веројатно го разгледувале барањето на Фенех за помилување. Премиерот Џозеф Мускат вече го одобри давањето помилување на Мелви Теума, кој е осомничен дека бил посредник во организирањето на убиството.

Дафне Каруана Галиција, убиена во експлозија на автомобил-бомба во ктомври 2017 година, на својот блог ги обвинуваше малтешките пполитичари за корупција, вклучително и две од три лица кои во вторникот поднесоа оставки. По Шембри оставка поднесе и министерот за туризам Конрад Мизи, а својата должноста ја замрзна и министерот за економија Крис Кардона.