Шефот на кабинетот на Трамп потврди дека изборите ќе се одржат на 3-ти ноември

Марк Медоуз, шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави во неделата дека американските претседателски избори ќе се одржат на 3-ти ноември, и додаде дека републиканскиот претседател ја изразил својата загриженост поради дописното гласање кога кокетирал со идејата за одложување на изборите.

„Тој (претседателот Доналд Трамп) не разгледува можност за никакво одложување на изборите. Ќе ги одржиме на 3-ти ноември и претседателот ќе победи“, изјави Медоуз во емисјата „Face the Nation“ на американската телевизиска мрежа CBS News.

Претседателот Доналд Трамп во четвртокот предложи одложување на американските избори кои отсекогаш се одржуваат на ист датум, на 3-ти ноември, предлог кој веднаш беше отфрлен и од неговите републиканци и од опозициските демократи во Конгресот. Инаку, само Конгресот може да го одложи одржувањето на изборите.

„Сѐ за што станува збор се сведува само на една работа – на универзалното право на глас преку пошта. Тоа е лоша идеја за земјата“, убеден е Медоуз.

Предлогот на Трамп, кој се противи на гласањето преку пошта поради пандемијата од коронавирусот и смета дека со ваквиот начин на гласање може лесно да се манипулира со волјата на избирачите, наиде на критики како несериозен. Иако до почетокот на пандемијата, економските показатели силно го поткрепуваа рејтингот на Трамп, неговите критичари овој предлог го оценија и како обид да се одвлече вниманието на јавноста од големиот пад на американската економија. Некои правни експери, пак, предупредија дека забелешките на Трамп може да доведат до поткопување на мноштвото негови приврзаници во изборниот процес.

Медоуз во неделата предупреди дека гласачкото ливче мора да биде прописно предадено.

„Мораме да бидеме сигурни дека лицето само го става гласачкото ливче во кутијата и дека никој друг не може да прави манипуалции“, истакна Медоуз. Поради тоа, додаде тој, Трамп постапи одговорно предупредувајќи на проблемот со ваквиот формат на гласање.

Запрашан дали е одговорен за предлогот на претседателот, Медоуз избегна директно да одговори на прашањето. меѓута сугерираше дека доколку изборите се одвиваат со дописно гласање, резултатите сигурно нема да бидат познати уште на 3-ти ноември, додавајќи дека според неговата процена, прашање е дали во тој случај ќе бидат познати дури и на 1-ви јануари.

според него, доколку изборите се одржат во овој формат, на што се противи трамп, речиси сигурно ќе има одложување на соопштување на резултатите, бидејќи власите едноставно „не се подготвени да се справаат со тоа“, одноно обработката на гласачките ливчиња добиени на овој начин.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.