Шефот на ОН го осуди смртоносниот инцидент при испораката на помош во Газа

Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок зад затворени врати, по хаотичниот инцидент за време на испораката на помош со храна во Газа, за која Хамас вели дека резултирала со над 100 смртни случаи.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди смртоносниот инцидент. Израел ги оспорува настаните и вели дека неговите сили не пукале кон луѓето што барале помош.

„На очајните цивили во Газа им е потребна итна помош, вклучително и оние во опколениот север каде што Обединетите нации не беа во можност да достават помош повеќе од една недела“, рече портпаролот Стефан Дујарик во изјавата, додавајќи дека Гутереш е „згрозен од трагичниот настан“.

Хамас ја обвини ИДФ за смртта, додека израелската војска соопшти дека повеќето од жртвите биле предизвикани од стампедо и прегазени од возилата за снабдување помош. „Вооружени лица, исто така, отвориле оган во областа додека ги ограбувале залихите“.

Армијата соопшти дека не пукала кон толпата што брзала кон главниот конвој со помош. Признава дека војниците отвориле оган врз неколку жители на Газа кои се движеле кон војниците и тенкот на контролниот пункт на ИДф, загрозувајќи ја безбедноста на војниците, откако тие го префрлиле последниот камион во конвојот на југ.