Шефот на полицијата во Минеаполис се извини на семејството на убиениот црнец

Шефот на полицијата во Минеаполис во четвртокот му се извини на семејството на невооружениот црнец кој претходно оваа седмица почина откако при апсење полицаец белец со колено му го приклешти вратот, а поради што избувнаа насилни протести кои траат две ноќи.

Полицискиот началник Медариа Арандондо изјави дека неговиот оддел придонел за „дефицитот на надеж“ ширум сојузната држава Минесота, дури и пред смртта на 46-годишниот Џорџ Флојд во понеделникот.

„Длабоко жала, поради болката, скршеноста и ттраумите кој смртта на г-дин Флин ги истави врз неговото семејство, неговите најмили и нашата заедница“, изјави Арендондо.

Четворица полицајци од Минеаполис се отпуштени поради смртта на Флојд откако беше објавена снимка од инцидентот. Снимката го прикажува Флојд како со лисици на рацете лежи со лицето кон земјата, стенкајќи, молејќи за помош и повторувајќи „Ве молам, не можам да дишам“, пред да се онесвести. Набрзо потоа починал во болница.

Во средата вечерта, демонстрантите во Минеаполис се судрија со полицијата која втора ноќ по ред користеше солзавец. Безредијата, проследени со грабежи и вандализам, почнаа неколку часа откако градоначалникто Џејкоб Греј апелираше обвинителството да поднесе тужба против полицаецот кој го соборил Флојд на тротоарот.

Полицискиот началник рече дека повеќето демонстранти не биле насилни, но дека имало група демонстранти која била фокусирана на предизвикување безредија.

Министерството за правда во четвртокот соопшти дека истрагата за полициската вмешаност во смртта на Флојд претставува „највисок приоритет“.

Братот на жртвата, Филонис Флојд, за телевизијата CNN изјави во четвртокот дека е преморен од тоа што „гледа како црн човек умира“. Додаде дека го разбира гневот на луѓето, но апелираше демонстрантите да останат мирни. „На полицијата ѝ порачувам дека сакам сето ова да го одработат исправно, да почнат да ја работат својата работа како што треба, бидејќи тоа досега не го видов“, рече.

Претходно во средата американскиот претседател Доналд Трамп на прашање на новинарите рече дека станува збор за „многу, многу тажен настан“. Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекинани, во четвртокот апелираше на демонстрантите да ги запрат насилствата и грабежите. „Секој има право да протестира, во тоа нема сомневање, но тоа мора да биде мирно… и во согласност со законите“, рече за телевизијата Fox News.

 

Човекови права

Овој настан потсетува на случајот на Ерик Гарнер, исто така црн Афроамериканец, кој се задуши во интервенција на бели полицајци во Њујорк 2014 година, во еден од серијата меѓурасни полициски инцидентит, кој придонесе за појава на движењето „ Black Lives Matter“. Зборовите на Гарнер додека умирал „Не можам да дишам“, станаа мото на движењето, кое алармира на бранот убиства на Афромаериканци од страна на полицијци кои според него употребиле неоправдано смртоносна сила.

Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права, поранешната чилеанска претседателка Мишел Бачелет, изјавила дека американките власти мора да преземат мерки за да спречат полицајците да убиваат невооружени Афроамериканци. „Улогата која кај ваквите смртни случаи има длабокга вкоренета и раширена расна дискриминација, мора внимателно да биде разгледана и решена“, порача Бачелет.

Петицијата на интернет страницата Change.org којашто ги повикува властите да ги уапсат и осудат четворицата полицајци, до четвртокот претпладнето по локално време била потпишана од над 1,1 милион луѓе.

Градските власти ги идентификуваа четворицата полицајци како Дерек Шовен, Томас Лејн, Ту Тао и Александер Куенг. Не е соопштено кој од полицајците од снимката го проклештил вратот на Флојд, но локалните медиуми наведуваат дека станува збор за Шовен (Chauvin). Неговиот адвокат, Том Кели, за Reuters изјавил дека нема што да изјави во врска со инцидентот.

Медиумите, исто така, повикувајќи се на дисциплински досиеја наведуваат дека Шовен во 2007 година бил опоменат поради кршење на полициската политика на снимање и правилна употреба на камерата. Весникот The Minneapolis Star Tribune додава и дека Тао бил еден од двајцата полицајци тужени за претерана употреба на сила. Тој случај бил решен со вонсудска спогодба за 25.000 долари.