Главниот командант на полската полиција Јарослав Шимчик изјави дека мислел дека при неговата неодамнешна посета на Украина му бил подарени користени рачни фрлачи на гранати и затоа случајно го предизвикал истрелот од кој беше рането во средата.
„Кога манипулирав со употребените фрлачи на гранати, кои бе подароци од Украинците, дојде до експлозија“, изјавил Шимчик во саботата за радиото RMF FM.
Повикувајќи се на свои извори во полската делегација која ја посетила Украина, радиото тврди дека Шимчик од своите домаќини добил на подарок два противтенковски фрлачи на гранати, веројатно од моделот „RGW-90“, коишто, како што тврделе Украинците, веќе биле употребени во борбите против руската војска.
Едниот подарок на шефот на полската полиција му го врачил началникот на украинската полиција, Ихор Клименко, а вториот при средабта со началникот на Државната служба за идни ситуации на Украина, генерал Серхиј Крук и локалните власти на местото Равне, според истиот извор. Се додава дека оштетувања има на три ката, од приземјето до вториот кат на зградата на седиштето на командата на полската полиција.
Притоа Клименко манипулирал со необичниот подарок, и покажувал како искористениот фрлач може да се искористи и како звучник што го демонстрирал уверувајќи дека во него нема експлозивно полнење, според неименуван извод од полската делегација. И за вториот идентичен подарок Полјаците биле уверувани дека бил употребен и безбеден за ракување, како и дека може да биде превезен без посебно пријавување зашто чинел колку „старо железо“.
„Челникот на полската полиција, од своја страна, ни кажа дека ден по враќањето од Украина сакал да ги премести подароците во задниот дел од својот кабинет. Во моментот кога поместил еден од фрлачите на гранати вертикално од подот, дошло до експлозија“, се вели во прилогот на RMF FM.
„Експлозијата беше моќна, силата на ударот го проби подот, а од другата страна го оштети плафонот“, рекол полицискиот генерал.
Претходно во петокот полската полиција извести дека подарокот кој Шимчик го добил во текот на посетата на Украина на 11-ти и 12-ти декември, во средата рано утрото експлодирал во неговиот кабинет.
Во четвртокот медиумите известија за инцидентот, пишувајќи дека освен Шимчик кој бил пренесен во болница каде минал два дена и покрај полесните повредни, било рането граѓанско лице вработено во управата, но не му била потребна хоспитализација, додава полицијата.
Полската страна се обратила до украинската страна со барање да даде соодветни објаснувања.
Генералот Шимчик треба наскоро да се појави пред обвинителите. Ќе биде сослушан како сведок, а истражителите тврдат дека е жртва во постапката што е во тек. Сепак, не може да се исклучи дека тој ќе биде повикан за можна одговорност. Истрагата се однесува на ненамерно предизвикување на експлозија предизвикување опасност по животот на многу луѓе, што се казнува со затвор до пет години.
Обвинителите во оваа постапка мора да разјаснат и дали полицијата постапила согласно процедурите по инцидентот. Мора да се истражи дали имало злоупотреба на овластувањата или неизвршување на должностите од страна на службениците. Полското обвинителството изминатите три дена одбива да даде каква и да е информација за истрагата која е во тек, наведувајќи дека станува збор за „пресериозен случај“.