Шефот на сириската дипломати го посети Египет по повеќе од деценија

Сирискиот министер за надворешни работи Фејсал Мекдад се сретна во саботата во Каиро со својот египетски домаќин Самех Шукри, што претставува прва контакт по повеќе од деценија кога во 2011 година сунитските бунтовници поддржани од Западот и околните сунитски монархии започнаа граѓанска војна за да ја урнат владата на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад.

Оваа посета укажува дека Сирија, откако ал-Асад се одржа на власт, благодарејќи на воената поддршка од Русија и Иран во борбите со бунтовниците и екстремните сунитски групации како Исламска држава и Ал Каеда, ги подобрува односите со арапските соседи.

Станува збор за првата посета на сириски функционер по избувнувањето на граѓанската војна пролетта 2011 година на Египет со кој Сирија од февруари 958 до септември 1961 година беше во заедничка државен сојуз како Обединета Арапска Република.

Агенцијата Reuters повикувајќи се на анонимен египетски безбедносен извор, пишува дека целта на посетата на Мекдад, била разговори за условите за враќање на Сирија во Арапската лига со посредување на Египет и со Саудиска Арабија која беше еден од главните поддржувачи на сириските бунтовници, но неодамна во Пекинг склучи договор за повторно нормализирање на односите со Иран кој е најсилниот регионален поддржувач на владата во Дамаск.

Арапската лига, чие седиште е во Каиро, го суспендираше членството на Сирија во 2011 година, а многу сунитски арапски земји ги повлекоа своите дипломатски претставници од Дамаск.

САД, кои на сириска територија ги имаат окупирано најголемите нафтоносни полиња во Сирија од каде континуирано со години ја експлоатираат нафтата, како и Катар, сакаат да влијаат врз Арапската лига да го одмрзне членството на Дамаск, барајќи да „дојде до напредок во политичкото решение“. Но владата на Башар ал-Асад уште раната пролет во 2011 година направи измени на Уставот на земјата со кој се овозможи повеќепартизам во земјата наместо дотогаш единствената „државотворна“ социјалистичка партија Баат, но тоа не го спречи вооружениот бунт на дел од сунитските групации на кој се приклучија и радикалните џихадистички групации од Блискиот исток.

Меѓутоа, клучните регионални сунитски сили, предводени од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, неодамна сигнализираа дека сѐ повеќе се отворени за соработка со Сирија.

Египетското министерство за надворешни работи објави фотографии од двајцата министри на затворениот состанок. Египетскиот министер Шукри ги посети Сирија и Турција во февруари по разорните земјотреси кои ги погодија двете земји. Сириската службена новинска агенција SANA извести дека разговорите биле посветени на јакнењето на односите меѓу двете држави.