Шефот на СП во Катар откри: Потрошени се 200 милијарди долари и загинаа 7.000 работници при градење на стадионите

Долго се шпекулира за бројката на загинати работници мигранти низ стадионите во Катар изминатиот период.

Кога се се смири, шефот на овогодинешното Светско првенство, Хасан Ал Тавади, гостуваше во емисија кај Пирс Морган, каде ја откри шокантната вистина.

Катар потроши 200 милијарди долари за разни работи при организирање на Светското првенство, но обвинувањата доаѓаа од сите страни, а се беше поврзано со смртта на голем број работници.

Според неофицијалните бројки, повеќе од 7000 животи паднаа при градењето на стадионите, а организаторите тој број се обидоа да го минимизираат првично на 20 жртви.

„Во моментов сме на некоја цифра од 500 загинати работници, немам точна цифра, но таа цифра мислам дека е реална. Една смрт е премногу, тоа е барем едноставно, но секоја година работиме на тоа да се поправи сигурноста на работниците“, порача Ал Таварди.

Веројатно и оваа цифра е лажна, бидејки бројни новинари известуваа дека секој ден по стадионите додека ги градеа низ Катар, беше јавувано за десетина загинати работници.