Шефот на турскиот парламент ја критикува „примитивната исламофобија“ на Макрон

франција турцијаПретседателот на турскиот парламент, Мустафа Сентоп, во средата ја оцени како „примитивна исламофобија“ најавата на францускиот претседател Емануел Макрон од вторникот дека нема да дозволи „исламистички сепратизам“ во Франција.

„Борбата против исламситичкиот сепаратизам“ е „знак на примитивна исламофобија“, напиша Сентоп реагирајќи на изјавата на Макрон.

Макрон ден претходно изјави дека во Франција „нема место за политичкиот ислам“ и дека „на ниедна земја нема да ѝ дозволи на почвата на Републиката да нѐ храни со сепаратизам, било тој да е верски, политички или идентитетски“. Притоа најави постепено ограничување на практиките на исптраќање имами од Алжир, Мароко и Турција, кои проповедаат во џамиите во Франција, и додаде дека постигнал договор со две од споменатите земји, освен со Турција.

„Франција треба да се соочи со своето расистичко минато полно колежи, наместо да измислува непостоечки непријатели како што е исламистичкиот сепаратизам“, напиша Сентоп.

Во текот на посетата на градот Мулуз, каде што значителен дел од населението е од турско потекло, Макрон истакна дека тие се „потполно Французи“ и мора да имаат „еднакви права како сите Французи“, но и да ги почитуваат „истите законо, како и сите Французи“ и затоа не е можно „да се има закони на Турција на територијата на Франција“.

Сентоп ја обвини Франција дека „ги нарушува мирот во Сахел и Либија“ каде што му „испорачува оружје на господатот на војната“ на истокот од Либија, маршалот Калифа Хафтар и „произведува хаос во муслиманскиот свет“.

Дипломатските односи меѓу Париз и Анкара се затегнати последните месеци, како поради турската воена интервенција во Сирија, така и поради ситуацијата во Либија, каде што Тирција има амбиции кон наоѓалиштата на фосилните горица во источен Медитеран.