Шефот на Вагнер му се закани на Макрон: Со клешти ќе ги извадиме скапаните заби од таа уста

Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група Вагнер, пак распалува со своите коментари на социјалните мрежи. Овојпат тие се упатени кон францускиот претседател Емануел Макрон и кон француските војници кои се присутни во Централна Африка, пишува Политико.

Според Пригожин, Русите спасуваат животи во централна Африка, за разлика од француските војници кои се исмеваат со нив.

– Можеме да им ги извадиме скапаните заби од тие лоши усти со клешти. Можеме да му ги извадиме забите на Макрон и, генерално, на сите што истураат патогени нечистотии (за Вагнер) – се закани Пригожин.

Претходно, во вторникот, француските пратеници ја повикаа ЕУ да го стави Вагнер на листата на терористички групи и да донесе повеќе укази со кои ќе оневозможи Вагнер да се финансира во Европа.

ЕУ исто така воведе санкции лично за Евгениј Пригожин.

– Тие не се само платеници, постои волја да се масакрираат цивили за политичка корист … за да се дестабилизираат институциите – изјави за Политико Бенџамин Хадад, европратеник од партијата Ренесанса на Макрон, пред гласањето во вторник.

Во меѓувреме Вагнер сѐ уште чекаат на оружјето кое Кремљ им го вети за да ја продолжат својата офанзива во клучниот град Бахмут во Украина. Пригожин не ги штедеше своите зборови ниту за Владимир Путин нарекувајќи го „тотално ѓубре“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.