Шефот во ЕМА објасни што се случило: Вакцината на АстраЗенека е добра за сите, не ме цитираа добро

Еден од шефовите на Европската агенција за лекови (ЕМА), Марко Кавалери истакна дека вакцината на АстраЗенека има далеку поголма корист отколку ризик за сите старосни групи, особено за лицата постари од 60 години.

Италијанскиот весник од Торино „Ла Стампа“ вчера го цитираше Кавалери кој наводно изјавил дека државите би требало да избегнуваат да ја даваат оваа вакцина на лица постари од 60 години, поради можни ретки случаи на згрутчување на крвта.

-За жал, моите зборови не се долго интерпретирани во интервјуто за „Ла Стамп“. Вакцината на АстраЗенека има многу повеќе корист отколку ризик кај лицата од сите ворасни групи, особено кај постарите од 60 години, изјави Кавалери за Ројтерс.

Ставот на ЕМА е дека АстраЗенека е безбедна и може да се користи кај полнолетни граѓани

Сепак, неколку членки на ЕУ ја прекинаа вакцинацијата со оваа вакцина на одредени старосни групи поради ретки згрутчувања на крвта кај млади лица.

Во неделата вечерта „Ла Стампа“ го смени насловот на новинарскиот текст на својата интернет страна и го додаде појаснувањето на Кавалери, а главниот уредник на весникот Масимо Џанини немал коментар, додава Ројтерс.