Шекеринска ја префрла одговорноста за незаконски унапредувања во одбраната

Министерството за одбрана, на чие чело е Радмила Шекеринска, во екот на подготовките за предвремените парламентарни избори на 12-ти април испратило решение за формирање на Комисијата за селекција за унапредување, која единствено ќе ја носи одговорноста за сите незаконски унапредувања.

Во решението се наведува дека: „Се формира Комисија за селекција за унапредување на 68 (шеесет и осум) административни службеници во Министерството за одбрана…“.

Имено, Шекеринска бара да биде формирана комисија која ќе носи одлуки од ваков тип, а нејзините членови се ставаат под директен притисок.

Тоа значи дека членовите на Комисиите мора да бидат екстремно внимателни бидејќи мора да знаат дека сите одлуки се нивна одговорност. Лично тие ќе одговараат за секое незаконско унапредување.

Но, Шекеринска сака нив да им ја наметне одговорноста, па тие не смеат да попуштат под притисокот. Сите членови на комисијата треба да знаат дека при ревизија на процесот тие ќе сносат одговорност пред законот, а не министерката.