Шекеринска и Анѓушев во зделка од над 1,5 милиони евра

Министерството за одбрана, со кое раководи Радмила Шекеринска, за овогодинешната потрошена струја ќе му плати на сѐ уште актуелниот вицепремиер задолжен за економски прашања во владата на Зора Заев, Кочо Анѓушев, 1.600.000 евра, покажува сајтот на Бирото за јавни набавки.

На 30-ти декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев да замине од Владата, Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка со Друштвото за трговија и услуги ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС ЕДС ДООЕЛ Скопје, односно ЕДС на Кочо Анѓушев.

На тендерот имало четири понуди, а го добила фирмата која случајно ја дала најниската цена – фирмата на Анѓушев.