Шекеринска и Николовски менуваат ресорите, за ДУИ – МНР, финансии, економија, информатичко општество и администрација…

Оливер Спасовски се враќа на чело на Министерството за внатрешни работи, нов министер за одбрана ќе биде Љупчо Николовски, за образование најверојатно Радмила Шекеринска, Мила Царовска се враќа во труд и социјала, Венко Филипче останува министер за здравство, а и ресорот правда ќе биде во рацете на СДСМ по распределбата на владиниот колач во коалицијата СДСМ-ДУИ-ДПА што беше објавена вчера, се шпекулира во кулоарите, пишува „Плусинфо“.

Досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој не е кадар од СДСМ, ќе биде вице премиер за евроинтеграции.

Според „Плусинфо“, ДУИ ги добива ресорите за финансии, надворешни работи, економија, животна средина, информатичко општество и администрација, како и вицепремиер за политички систем.