Шекеринска: Нашиот здравствен систем е спремен за вториот бран на коронавирусот

Здравствениот систем го подготвивме за секој следен бран на коронавирусот, а со стабилни институции по изборите, со функционален парламент, со нормална влада во која нема да постојат министри кои ги блокираат одлуките или не уценуваат со потписи ќе можеме целосно да ја заштитиме државата, економијата и граѓаните од последците на коронавирусот, истакна денеска заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Крушево.

Таа нагласи дека покажале одговорност кон здравјето на граѓаните но и брза реакција тогаш кога светот па и ние плативме голема цена поради коронавирусот.

„Покажаме дека можеме и дека нашето јавно здравство може да го положи тестот.Во исто време ја вративме и довербата на граѓаните кон јавното здравство, кон здравствените работници, кон докорите и медицинските лица. Сега го стекнавме искуството и вложивме уште повеќе во јавното здравство“, рече Шекеринска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.