Шекеринска се крие зад лица на кои судот им го одземал сертификатот и ја загрозува нашата и безбедноста на НАТО, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Шекеринска повторно се крие зад соопштенија и портпароли, наместо да излезе и да каже зошто Македонија две  ипол години нема највисок воен претставник во НАТО, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шекеринска не одговори ниту зошто ѝ ги враќаат луѓето кои ги испраќа во НАТО. Во паника и нервоза, кршејќи го законот за класифицирани информации, офицерот од Министерството за одбрана изнесе класифицирана информација во партиска функција. И покрај тоа што Драган Ковачки не спомна идентитет на лица, се истрча да каже дека Ковачки е потпишан на некој сертификат на едно од лицата. Очигледно е дека се нема доволно познавање од законската регулатива според којашто единствено Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации издава безбедносен сертификат (член 49)“, велат од партијата.

„Тоа што Шекеринска преку нејзиниот портпарол го кажа во никој случај не е за политички прес и во најмала рака требаше да пушти друго лице да зборува на темата. Имено, тоа лице кое Шекеринска го пуштила да зборува за безбедносни сертификати, во 2012 година од Суд е одбиено за сертификат. Шекеринска од час во час ја загрозува АРМ и НАТО. Оставка“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.