Шекеринска со службено возило од Министерството за одбрана на партиски собир во Вевчани

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска продолжува со мешање на партијата и државата. Иако таа зема пари од државата како вицепремиерка и прв човек на одбраната, тоа не и пречи да ги користи за партиски цели.

Нашата редакција дојде до фотографии на кои се гледа како Шекеринска на партиски собир во Вевчани е дојдена во возило од министерството за одбрана. Нејзиното службено возило беше паркирано средсело.

„Вевчани секогаш остава без здив. Прекрасно место со бројни знаменитости“, напиша министерката од редовите на СДСМ.