Шекеринска тврди дека судски одлуки се носеле кај Груевски, Џафери ја праша зошто не го уапсиле

488

Зошто не го уапсивте Никола Груевски ако тврдите дека судски одлуки се носеле кај него? Ова прашање во дебатната емисија на Телма вечерва ѝ го постави Талат Џафери на својата противкандидатка во петтата изборна единица Радмила Шекеринска, објави Плусинфо.

– Ние 11 години не сме ги коментирале одлуките на Уставен суд и во 2015 година сфативме дека сме грешеле затоа што 11 години тоа не биле пресуди на суд, туку тоа биле пресуди напишани во кабинетот на Груевски и соопштени преку неговата секретарка. Во многуте бомби чувме како се бирале судии во тие судови и стварно бевме во ситуација угоре високо удолу длабоко, ако интервенираш во судство ист си како Груевски ако не интервенираш го пушташ Груевски пипците во судство уште да му живеат – рече Шекеринска.

Џафери повторно ѝ го постави истото прашање на Шекеринска, истакнувајќи дека по таа логика секој може да рече дека судски одлуки пишуваат разни луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.