Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи и земајќи провизии, заборави на клучки и тунели

Ние до крајот на 2021 година ќе може да кажеме дека автопатот Кичево – Охрид функционира, откако ја презедовме работата во свои раце по четири години фрлени во ветар од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 5 и потпретседателка на СДСМ, на синоќешната граѓанска трибина во Кичево.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ зборуваа и беа заинтересирани само за провизии и тие ги земаа за автопатот Кичево – Охрид. Инаку, како што рече, „како мислите Груевски толку долго живее во Будимпешта, како мислите дека Белата палата толку лесно се одржува“.

„Бидејќи мислеа само на провизии, не мислеа за ситници од типот проект, од типот тунели, од типот квалитет на тлото, од типот на клучки“, нагласи Шекеринска.

Таа додаде дека проектот имал се, само не техничка документација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.