Шекеринска за претседател на Собранието?

СДСМ веројатно ќе ја предложи Радмила Шекеринска за прва жена претседател на Собранието на Македонија, пишуваат албанските медиуми.

Според порталот „АБЦ.мк“, од партијата се решени да предложат Шекеринска да го предводи законодавниот дом и да стане првата жена претседател на Собрание во историјата на македонскиот парламент.

Официјализацијата на нејзиното име се очекува да се случи откако Зоран Заев обезбеди мнозинството пратеници потребни за формирање на Владата, пишува порталот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.