Шер ја потврди врската со 40 години помладиот Едвардсон: Љубовта не познава граници

Пејачката Шер ја потврди врската со 40 години помладиот музички продуцент Александер Едвардсон истакнувајќи дека „љубовта не познава граници“.

Шер (76) истакнала дека 36 годишниот Едвардсон ја третира како кралица.

-Љубовта не познава математика, вели пејачката за разликата во годините.

Парот минатата недела беше виден заедно на вечера во познат ресторан, а како што пренесоа светските медиуми Александер бил воодушевен од новата девојка.

Додека возачот го паркирал возилото, тој и ја бакнувал раката на Шер и се смешкал, а кога излегле од автомобилот продолжиле да разменуваат нежности.