Шербеџија стана Македонец, македонски пасош чекаат 2000 странци

90

Хрватскиот актер со српско потекло, Раде Шербеџија неодамна стана Македонец, пишува Утрински весник.

Минатата година се пријавил за македонско државјанство, а годинава барањето му било прифатено.

Шербеџија, кој покрај хрватскиот поседува и словенечки пасош, е еден од 250 „ВИП“ граѓани кои согласно член 11 од Законот од 1992 година, се стекнаа со државјанство на Република Македонија од категорија особен спортски, научен, економски или културен интерес.

Најмногу натурализирани Македонци станаа жители од поранешните југословенски простори, но има и Американци, Украинки, Русинки… Најголем дел од нив се спортисти кои играјќи под наше знаме постигнаа значајни успеси на натпреварувањата во фудбал, кошарка, ракомет, ватерполо и борење.

Во моментов, во тек е постапка за прием во државјанство на 1.208 лица од особен национален и економски интерес. Меѓу нив, според сопствено признание е и извршниот директор на ТАВ, Сани Шенер, кој вели дека ја обожува Македонија, со која е поврзан на различни начини.

Извор: Утрински весник

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.