Шерон Стоун блокирана на апликација за барање партнери

Познатата актерка Шерон Стоун напиша во понеделникот дека е блокирана на апликацијата за наоѓање партнери Bumble, бидејќи корисниците мислеле дека станува збор за лажен профил.

„Ја отворив апликацијата Bumble и прочитав дека профилот ми е затворен. Некои корисници предупредиле дека тоа не можам да бидам јас“, напиша на Twitter американската актерка.

„Еј Bumble, зошто ме дисквалификувате? Оставете ме во кошницата“, се шегува Стоун поигрувајќи се со зборовите bumble што значи бумбар.

„Вашата сметка е затворена бидејќи нѐ предупредија дека е лажна“, пишува под фотографијата.

Твитовите на 61-годишната Стоун се споделени илјадници пати.

Апликацијата Bumble е поинаква од другите апликации за наоѓање партнери по тоа што само жените може да го направат првиот потег и да ги контактираат мажите, но не и обратно.