
Лидерот на Српската радикална партија (СРС) Војислав Шешељ изјави дека е рамнодушен поради смртта на Ѓорѓе Балашевиќ и дека е разочаран што медиумите го слават кантавторот, кој, како што кажа, е „предавник на српскиот народ“.
-Сè што имав да кажам за Ѓорѓе Балашевиќ кажав дека беше жив. Сега кога е мртов, немам што да додадам или одземам. Огорчен сум што со некои пагански ритуали се сквернават спомениците во центарот на Белград и Нови Сад. Можеа тоа да го прават на гробишта, пред куќата на Балашевиќ, на некое друго место, кажа Шешељ.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.