Шешељ ако излезе привремено на слобода активно ќе учествува во политиката во Србија

Воислав Шешељ, обвинет во Хаг, го извести Трибуналот дека доколку биде привремено пуштен на слобода, не прифаќа никакви ограничувања освен тоа дека нема да ја напушти територијата на Србија.

Шешељ во поднесокот до Хашкиот суд, кој во медумите е проследен од Српската радикална партија, наведе дека доколку биде привремено пуштен на слобода нема да и се јавува на полицијата, ниту пак ќе носи електронска нараквица или други предмети со кои се нарушува човечкото достоинство.

Тој наведеува и дека ќе учествува во политичкиот живот на Србија, на јавните собири, ќе дава интервјуа, ќе гостува на телевизиски емисии и јавно ќе го критикува Хашкиот трибунал како нелегален меѓународен суд.

Шешељ исто така наведува дека ја отфрла било каквата гаранција на Владата во Белград.