Шешељ бара од Босна инвалидска пензија

Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ побара од Босна и Херцеговина да му обезбеди исплата на пензија врз основа на инвалидитет.

Тој најверојатно и ќе добие таков вид пензија, бидејќи препорака за тоа дале лекарски комисии од Србија и Федерацијата БиХ, пишува весникот „Дневни Аваз“.

Шешељ во ’80-те години од минатиот век бил вработен како асистен на Факултетот за политички науки во Сараево.

Поради националистичко дејствување добил отказ и се преселил во Белград, продолжувајќи ја политичката кариера во Србија.

Врз основа на на предвоен работен стаж, остварен во БиХ Шешељ и поднел барање за инвалидска пензија, а наодот е потпишан од лекарите испратени од Белград во Хаг за да ја утврдат неговата здравствена состојба.

Дијагнозата е потврдена и од Институтот за медицински вештачења во БиХ, иако хашкиот обвинет не го ни виделе, наведува весникот.