Шешељ денеска пристигнува во Србија

Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ денеска околу 13 часот треба да слета во Белград. На аеродромот ќе го пречека семејството и потесното раководство на партијата, пренесува српски„Блиц“.

Официјална церемонија за добредојде, што веќе е пријавена во полиција, ќе се одржи во сабота на Плоштадот на републиката.

Шешељ е обвинет за воени злосторства над Хрвати и Бошњаци во Хрватска и Босна и Херцеговина и над Хрвати во Војводина.

Во 2003 година тој доброволно се предаде на Хашкиот трубунал. Во текот на судскиот процес Шешељ често имаше испади во судницата, а поради објавување имиња на заштитени сведоци, беше обвинет за непочитување на судот.

Шешељ е пуштен на привремена слобода поради влошената здравствена состојба.