Шест играчи и персонал на Еспањол заразени со коронавирусот

Шпанскиот фудбалски прволигаш Еспањол извести во вторникот вечерта дека шест членови на неговата екипа се заразени со коронавирусот, со што стана вториот клуб во Примера со заболени играчи.

„Попладнево е потврдено дека шест членови на првата екипа и технички персонал биле позитивни на тестирањето на вирусот Covid-19. Сите имаат благи симптоми и се придржуваат на препораките од лекарите“, се наведува во соопштението на Еспањол.

Претпладнето во вторникот Валенсија соопшти дека 35 отсто од нејзината екипа е заболена, откако на 19-ти февруари играше во Милано натпревар во Лигата на шампионите против Аталанта.

Се смета дека вирусот од северот на Италија влегол во Шпанија, замја којашто по првата е држава со најмногу заразени во Европа.

Во вторникот бројот на наовозаболените од коронавирус во Шпанија скокна за 2.557 лциа, со што вкупниот број достигна 11.748 заразени. Бројот на починатите порасна од 309 на 533, па вторникот беше најсмртоносниот ден откако на 3-ти март почина првиот пациент во Валенсија.

Шпанското фудбалско првенство беше суспендирано минатиот четврток, на 11 кола до крајот.

„Првото сценарио е првенството да биде одиграно до 30-ти јуни, на кој и да е начин. Јас во овој момент не можам да гарантирам“, изјави во вторникот Луи Рубијалес, претседателот на шпанската фудбалска федерација на прес-конференцијата во Мадрид.

Додаде дека првенството ќе биде продолжено по 30-ти јуни, доколку до тогаш не заврши.

„Доколку потоа мораме следното првенство да го започнеме подоцна, или во поинаков формат, тоа ќе го сториме ако се согласат сите клубови. Тоа е формулата што ја изнајдовме“, заклучи Рубијалес.

Претходно на прес-конференцијата Рубијалес ја отфрли можноста поради евентуално прекинување на првенството Барселона да стане шампион, бидејќи во моментов ја зазема првата позиција на табелата.

Барселона инма 58 бодови, Реал Мадрид два помалку. Имајќи предвид дека продолжувањето на натпреварувањето не е извесно за две седмици, како што првично беше замислено, се појави идејата Барселона да биде прогласена за првак и со тоа да се затовори оваа сезона.

„Тоа би било страшна неправда. Сегашната состојба на табелата нема да пресуди за тоа кој ќе биде првак“, рече Рубијалес.

Хавиер Тебас, претседател на Ла Лига којашто го организира првенството, во понеделникот изјави оти е убеден дека шампионатот ќе заврши со доигрувањето на сите натпревари и покрај сегашната ситуација.