Шест избирачки места во Маврово Ростуше со помалку од десет гласачи

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница информираше дека во шест избирачки места на територија на општината Маврово Ростуше има помалку од 10 гласачи запишани во избирачкиот список, така што таму нема да се спроведе гласање. Гласачите се упатуваат во најблиските избирачки места, а Општинската изборна комисија Маврово Ростуше треба да го организира гласањето за градоначалник на овие граѓани во сабота, на 20 август.

– ДИК согласно податоците од заклучениот избирачки список за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово констатира дека од вкупно 172 избирачки места во овие општини во шест избирачки места во Маврово Ростуше се евидентирани помалку од десет гласачи, информираше членот на ДИК Бобан Стојановски.

Станува збор за избирачки места во Маврово и Ростуше и тоа 463 во селата Лазарополе, Селце, Росоки и Тресонче каде што се евидентирани шест гласачи, 482 во селото Бибај со осум гласачи, 484 во село Нивиште со шест избирачи, 485 со седум гласачи во селото Грекај, 487 во село Богдево со пет гласачи и избирачко место 489 со седум гласачи во село Беличница.

На седницата беше усвоен Кодекс за начинот на набљудување на изборите, за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Исто така, ДИК акредитираше и дополнителен број набљудувачи на овие избори.