12.2 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Шест месеци и беа оставени на Ременски да влијае на истрагата

88

Истрагата за рекет е само фарса. Русковска обвинителството прави се само за да ги прикрие трагите кои водат до главата на октоподот, ова денеска на прес-конференција го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шест месеци и беа оставени на Фросина Ременски да влијае на истрагата и да ги чисти доказите, иако уште пред половина година сите знаеја за вмешаноста на Фрики во оваа аферата. Симболичното замрзнување на партиските функции е само замачкување на очите на јавноста, во ситуација кога нејзиниот шеф Зоран Заев врши јавен притисок врз органите на прогонот прогласувајќи ја за невина. Иронично е Фросина Ременски да остане пратеник кој ќе го гласа буџетот на Русковска. Осомничената Фросина Ременски ќе носи и закони од областа на безбедноста, а треба да дискутира и за законот за обвинителство. Иронијата да биде уште поголема, нејзиниот сопруг Јовче Ременски е функционер во новоформираната Агенција за национална безбедност. Ременски, кој според одредени информации поседува највисок безбедносен сертификат е потенцијален ризик врз истрагата против неговата сопруга. Дали Јовче Ременски знаел за криминалот кој сега се става на товар на неговата сопруга? Дали свесно ги прикривал и бил соучесник во истиот или нема никаков капацитет за функцијата што ја извршува?, прашува Ѓорѓиевски.

Тој додава дека дирекцијата за класифицирани информации и АНБ треба веднаш да ја преиспитаат одлуката со која му е доделен безбедносен сертификат и да го стават под повторна контрола Јовче Ременски.

-ЈО мора да истражи дали Фросина Ременски користела информации и услуги од тајната полиција, со помош на кои го вршела криминалот кој што во моментот и се става на товар. Јовче Ременски дотогаш мора да биде суспендиран. Јавноста беше сведок дека тој не размислува два пати кога треба да се закани со апсења и класифицирани информации. Не смее да се дозволи тоа да им го прави и на оние кои ги истражуваат делата на неговата сопруга.Криминалот не смее да се толерира. Време е власта да престане да глуми истрага и да се зафати со реално расчистување на случајот Рекет. Со брачни другари на осомничените со сертификати со највисок степен на доверливост во тајните служби тоа не е можно во моментот, вели Ѓорѓиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.