Шест месеци затвор за Кичеец за сообраќајката кај Стража, во која загина едно лице

Зоран Милески кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката кај Стража, која се случи на 4 сепември, потврдуваат од обвинителството.

Според овие информации, обвинетиот постигнал спогодба со обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.

Во несреќата, животот го загуби сопатник во автомобилот „Санг јонг“, четири лица се здобија со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобија со полесни телесни повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.