Шест месеци затвор за таткото на Боки 13

По две ипол години заглавен во правните лавиринти, случајот на свештеникот кој беше физички нападнат од Миле Јовановски, татко на првоосомничениот во аферата Рекет, Боки 13, конечно доби судски епилог.

Денес му беше изречена казна затвор во времетраење од шест месеци. Одбраната има право на жалба во Апелациониот суд.

На минатото рочиште тој призна вина.

-Има многу големо сомневања кај мене дали сум виновен или не, но сепак го признавам делото, рече Јовановски.

За ова дело законот предвидува казна затвор од шест месеци до пет години.

Инаку на Божик 2017 година, физички е нападнат свештеникот Виктор Стојчев, пред очите на неговата сопруга и деца, а е и вербално навредуван од страна на Миле Јовановски и неговиот син Бојан Јовановски Боки 13.

Кавгата настанала заради паркинг простор. За случувањето сведочи и видео снимка.