Шест мртви во налет на автомобил на карневал во Белгија

Автомобил со голема брзина влетал во група изведувачи на карневал во Белгија и усмртил шест и тешко повредил уште десетина а полесно уште 27 други луѓе, коишто ја подготвувале парадата рано претпладнето во неделата, известија властите и според првичните процени сметаат дека не станува збор за терористички напад.

„Во оваа фаза (од истрагата) нема елементи кои би упатувале на тоа дека нападот имал терористички мотив“, изјави на прес-конференција обвинителот Дамиен Верхејен.

Белгиската полиција ги демантираше извештаите на локалните медиуми дека автомобилот наводно бил вклучен во полициска потера.

Инцидентот се случил во јужното белгиско село Стрепи-Бракуњие околу 5 часот утрото по локално време. Жак Гобер, градоначалник на соседниот град Ла Лувиер, изјави дека се собрале меѓу 150 и 200 луѓе за да се подготват за годишната парада, којашто вклучува карневалски костуми и барабани, кога ненадејно се појавило возилото.

„Залетаниот автомобил се залетал во масата луѓе. Потоа возачот продолжил по својот пат“, изјави за медиумите Гобер.

Две лица кои се наоѓале во автомобилот се приведени. Полицијата објави дека станува збор за локални жители во 30-те години кои од претходно не се водени во полициската евиденција.

Белгија во изминатите седум години настојува да ги пронајде и елиминира лицата кои се сомничат за поврзаност со терористичките активности. Ќелијата на џихадистичката организација Исламска држава беше вклучена во терористичките напади од 13-ти ноември 2015 година во француската престолнина Париз кога беа убиен 130 луѓе, и во нападот во Брисел следната 2016-та кога загинаа 32 лица.

Залетувањето возила во маса луѓе особено на големи празнувања стана често оружје коешто ги користат терористите во Европа, која бележи повеќе смртоносни напади како големите во Берлин и Ница и неколку помали во Англија и во Барселона. Станува збор за напади коишто не бараат голема организација и не чинат воопшто, поради што властите тешко можат да ги откријат и спречат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.