Шест нови компании ќе инвестираат во Македонија

Расте бројот на странски инвестиции кои влегуваат во Македонија. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида на денешната владина седница истакна дека шест странски компании донеле конечна одлука за инвестирање во Македонија.

Станува збор за шест странски инвестиции, италијанска компанија која произведува композитни материјали, две компании од автомобилската индустрија од САД и Турција, една турска тексилна компанија и две англиски компании ја донесоа својата конечна одлука за инвестирање. Се надевам дека за многу брзо време ќе можеме да ги објавиме сите детали, посочи Фида.

Тој додаде дека до минатиот месец вкупно 107 компании дошле во Македонија за поконкретно да се информираат за условите.

Во однос на економските промотори, Фида нагласи дека истите одлично ги завршуваат своите обврски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.